Активни пожари има во осум општини. Во Прилепско гори кај селото Бонче, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблести растенија. Пожар е активен и на подрачјето меѓу селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград, како и над селото Вражале во општина Зелениково. Зафатена е мешана шума.
Во општина Студеничани активен е пожарот кај селото Цветово, на стариот пат кон Елово, каде што гори ниска вегетација и ниска шума. Во Македонски Брод активни се пожари на повеќе локации – кај местото Видуш, кај селото Драгов Дол и кај Локвица. Зафатени се ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.
Пожар е активен и во Кичевско, кај селото Тајмиште, во месноста Дарда, каде што гори високостеблеста букова шума. Во Врапчиште активни се пожарите кај селата Ломница и Ѓурѓевиште, каде што гори мешана шума. Во Маврово и Ростуше пожарот е кај селото Церово, а во Желино, исто така кај селото Церово, гори ниска вегетација и папрат.