Ниту еден пратеник од партиите на македонските Албанци не се одзвал на поканата од украинската амбасадорка во Скопје за присуство на одбележувањето на националниот ден на Украина.
На настанот во Собранието посветен на Денот на независноста на Украина нема присутен ниту еден пратеник од ДУИ / ВЛЕН.
Двете партии не реагираа официјално и не кажаа зошто ја бојкотираат прославата но извори во албанскиот блок тврдат дска бојкотот е поврзан со изјавата на украинскиот претседател Володимир
Зеленски во Белград за Косово.
Зеленски на средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ порача: “Нема да го признаеме во Косово”.
Со овој потег ДУИ и ВЛЕН кои иако се во политичка војна ДУИ и ВЛЕН најдоа заеднички јазик за бојкот на омилениот лидер и држава на ЕУ и САД.
Досега албанските политички фактори во Македонија никогаш не тргнале контра стратешките интереси на ЕУ и Америка.