Македонија

Дизелот надмина 100 денари

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) од 01 часот вечерва по полноќ ќе се продава за 101,50 денари за литар

Регулаторната комисија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати

Од вечерва по полноќ (25.8.2026 година од 00:01 часот) малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, а малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,50 ден/лит.

Според тоа новите цени се:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 95,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 101,50 (денари/литар)

Зголемување има и кај маслото за горење и мазутот:

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 100,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 45,576 (денари/килограм)

 

Најнови вести од: Македонија

Милошоски: Филипче зборува за Србија, за да не се зборува за состојбите во СДСМ

Претседателот на СДСМ ја пренасочува политичката дебата кон Србија за да ги избегне прашањата за состојбите во сопствената партија, неговиот личен рејтинг и слабата внатрепартиска кохезија

To top