Македонија

Предизвикал пожар во близина на автопатот Скопје–Тетово

Р.З. од селото Арнакија, Општина Сарај потпалувал ѓубриште и сува трева

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека утрово е уапсен 59.деветгодишен маж  поради предизвикување пожар во близина на автопатот Скопје – Тетово, информираат

„Околу 8 часот е пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово после наплатната станица Глумово, едно лице подметнува пожар. Полициски службеници излегле на местото на настанот и го затекнале Р.З. (59) од селото Арнакија, Општина Сарај како потпалува ѓубриште и сува трева во близина на штала со добиток“.

Според МВР, лицето е приведено во полициска станица, објави 360 спетени.

Откако случајот ќе биде документиран, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пожарот е изгаснат од страна на Противпожарната екипа на Скопје,.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top