Македонија

Прв случај на западнонилска треска и во Куманово

Расте бројот на заболени од западнонилска треска во Македонија. Шест нови случаи регистрирани во еден ден. Откриен е и првиот заболен во Куманово. Вкупната бројка се искачи на 50 пациенти. Сомнителни на болеста се три лица.

Министерот за здравство Клековски информираше дека кај помладите формите на болеста се полесни. Најмладиот пациент во моментов има 26 години. Насоки ќе добијат матичните лекарите, одредени тестови ќе се повторуваат, зависно од терапијата на пациентите.

Стабилна е состојбата на 65 годишен маж, прв заболен од Куманово. Лицето во периодот пред да се разболи не патувало надвор од државата. Екипите на Центарот за јавно здравје Куманово веднаш извршиле дезинсекција.

По овој случај значајно зголемен степенот на претпазливост кај кумановци. Повозрасните повнимателни, се заштитуваат со спрејови и креми.

На територијата на Куманово редовно од мај до септември се врши третирање против комарци. Два пати беше спроведено и авионско прскање. Доколку има потреба по барање на здравствените установи, ќе се реализира и нова акција.

Министерството за здравство уверува во функција се сите расположливи капацитети како за хоспитализации во установите, кадровската опременост, и реагенси за лабораториски испитувања.

За навремена информираност, но и за ризичните подрачја, видовите на комарците, Министерството создаде и веб-страница.

Најнови вести од: Македонија

Уништеното француското село Помас личи на „воена зона“ по торнадото: „Природата нѐ избомбардира!“

Торнадото, што го зафати департманот Од во јужна Франција, го опустоши малото село Помас, уништувајќи куќи, општинската зграда и локалното училиште. Глетката е опишана како „воена зона“.

Кој и зошто ги усмрти на 25.6.2001 Светислав Трпковски (39) и Боге Илиевски (46) со експлозив, врзани во „Бриони“?

На денешен ден, на 26 август 2001 година се случи чудовишното убиство на двајцата чувари на мотелот „Бриони“ недалеку од тетовското село Челопек: Светислав Трпковски (39) и Боге Илиевски (46).

Меџити: Приштина и Скопје не биле никогаш поблиски, патот Скопје-Блаце ќе го зголеми сообраќајот меѓу Косово и Македонија

Сопретседателот на Вреди Изет Меџити изјави дека во изминатите две години врската меѓу Косово и Македонија е зајакната, посочувајќи дека „никогаш досега Приштина и Скопје не биле поблиску“.

To top