Македонија

ММФ: Македонија со раст на БДП од 3,5%, инфлација од 4%

Jавните финансии, модернизација на инфраструктурата, енергетска ефикасност, образование, социјална заштита и земјоделство, ова се темите на кои македонската делегација бара можности за подобрување на состојбите на годишните средби на светска банка и Меѓународниот монетарен фонд кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска информира дека во рамки на Годишните средби на ММФ и Светската банка во Бангкок се сретнала со извршниот директор на Светска банка за конституенцата во која членува Македонија, Јуџин Ругенат. Како што наведува Димитриеска-Кочоска, станало збор за реформите, за реализацијата на проектите и за искористување на расположливата финансиска и експертска поддршка за подобрување на јавните услуги и поттикнувањето на економскиот раст.

  • На средбата со Јуџин Ругенат, извршен директор на Светската банка за Конституенцата во која членува нашата држава, во рамки на Годишните средби на ММФ и Светската банка во Бангкок, разговаравме за досегашната соработка, тековните проекти и можностите за натамошна поддршка на развојните приоритети на државата. Акцентот го ставивме на забрзување на реформите, поефикасна реализација на проектите и искористување на расположливата финансиска и експертска поддршка за подобрување на јавните услуги и поттикнување на економскиот раст. Продолжуваме со посветена соработка со Светската банка, насочена кон долгорочен и одржлив развој и конкретни придобивки за граѓаните, истакнува министерката.

Што се однесува до глобалната сцена, директорка на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, излезе со предупредување од брзиот развој на технологијата. Според неа,  вештачката интелигенција  може дополнително да го продлабочат јазот меѓу развиените земји и земјите во развој.

  • „Тековниот економски развој и брзиот темпо на развој на вештачката интелигенција  би можеле да го продлабочи јазот меѓу развиените земји и оние во развој, посебно ако се има предвид наглиот пад на развојната помош. Меѓународниот монетарен фонд ја препозна својата одговорност да им помогне на земјите во финансирањето кога тоа е потребно и ги повика државите членки на ММФ да ги исполнат своите ветувања за зголемување на финансирањето во Фондот на ММФ за намалување на сиромаштијата и раст, кој обезбедува кредити со ниски камати и без камати за земјите со ниски приходи.“ рече Кристалина Георгиева, Генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд.

Очекувањата на меѓународните институции се се дека старите ризици и натаму се актуелни, предупредувањата се  поврзани со повисоките цени на енергенсите и инфлацијата. ММФ очекува просечната цена на нафтата да се приближи до 100 долари за барел.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top