Македонија

Нацрт-ДУП-от за Барутана на Водно нема да се најде пред Советот на Општина Центар, но до кога?!

Донесувањето на нацрт деталниот урбанистички план „Барутана“ е законска обврска на Општината, нагласи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и не сакаше попрецизно да објасни за, како што кажа, изречените невистини во врска со овој план.

Нацрт-ДУП-от за локалитетот Барутана на Водно нема да биде ставен на дневен ред на Советот на Општина Центар додека не се расчистат сите отворени прашања поврзани со стабилноста на теренот и пристапната сообраќајница. Ова го најави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на брифинг со новинарите.  Тој порача дека нема да предложи планот да оди на разгледување пред советниците сè додека не се обезбеди законско и прифатливо решение за сите спорни аспекти.

  • „Мојот став е јасен. Сè додека не најдеме законско и прифатливо решение за сите отворени прашања, јас како градоначалник нема да предложам овој нацрт-ДУП да биде ставен на дневен ред на Советот. За Водно мора да бидеме особено внимателни. Не е доволно само да се исполнат формалните процедури, туку мора да бидеме сигурни дека решенијата се безбедни, законски и во интерес на граѓаните“, изјави Герасимовски.

Воедно, нагласи дека нацрт деталниот урбанистички план „Барутана“ нема да биде ставен на дневен ред на Советот сè додека не се најде законски издржано и прифатливо решение за сите отворени прашања, особено за стабилноста на теренот и за пристапната сообраќајница.

  • Мојот став е јасен. Сè додека не најдеме законско и прифатливо решение за сите отворени прашања, јас, како градоначалник, нема да предложам овој нацрт детален урбанистички план да биде ставен на дневен ред на Советот. За Водно мора да бидеме особено внимателни. Не е доволно само да се исполнат формалните процедури туку мора да бидеме сигурни дека се решенијата безбедни, законски и во интерес на граѓаните – истакна Герасимовски.

Тој додаде дека во однос на нацртот на овој план е добиена согласност од Град Скопје, ЈП „Водовод и канализација“, Агенцијата за катастар на недвижности, Агенцијата за електронски комуникации, ЕСМ – Дистрибуција на топлина, Агенцијата за цивилно возухопловство, ЈП „Водостопанство“,  Министерството за внатрешни работи, како и од Секторот за води и од Секторот за природа при Министерството за животна средина и просторно планирање. Информираше дека Дирекцијата за заштита и спасување  дала позитивно мислење за нацрт деталниот урбанистички план „Барутана“, потврдувајќи дека условите од областа на заштитата и спасувањето се соодветно вградени во планската документација. Герасимовски нагласи дека позитивните мислења од институциите не значат автоматско донесување на нацрт  деталниот урбанистички план, ниту дека завршува постапката со нив.

  • Мислењата на институциите се важни, но, за мене, е подеднакво важно да ги отстраниме сите сомнежи околу стабилноста на теренот. Затоа, покрај анализите што веќе ги имаме, ќе ѝ наложиме на планерската куќа да нарача посебна студија од Градежниот факултет за процена на ризикот од ерозија, свлекување и нестабилност на падините. Сакам да имаме јасна и целосна стручна слика пред да се носат какви било конечни одлуки – потенцираше Герасимовски.

Тој објасни дека со нацрт деталниот урбанистички план за Барутана на Водно се предвидува намалување на вкупната површина за градба од 43.429 на 29.439 квадратни метри, односно за 33,3 проценти, како и зголемување на зеленилото во градежните парцели од 20 на 40 проценти. Појасни и дека со новиот нацрт-план не се воведуваат нови градежни парцели, туку се задржуваат парцелите предвидени со претходната планска документација, при што се намалува површината за градба. Посочи дека урбанистичкиот опфат на Барутана бил утврден со Генералниот урбанистички план и дека постоела планска документација за подрачјето уште од 2002 година.

Според него, проблемите со усогласувањето на генералните и деталните урбанистички планови не се карактеристични само за Општина Центар туку се присутни и во други делови од Скопје. Тој оцени дека е неопходно донесувањето нов генерален урбанистички план за да се надминат несогласувањата во планираните капацитети за градба, населението и сообраќајната инфраструктура.

Во однос на сообраќајното решение за Барутана, Герасимовски најави дека ќе биде организирана втора јавна анкета, на која граѓаните ќе можат повторно да ги изнесат своите забелешки и предлози. Една од главните теми што ќе бидат разгледани се можностите за измена на дел од предвидените сообраќајници, особено поради конфигурацијата на теренот и тешкотиите при нивната реализација. Тој потенцираше дека Општина Центар нема да го расчистува теренот со општински средства, ниту да ја преземе обврската за финансирање на улиците предвидени со планот. За дел од сообраќајното решение, како што беше појаснето на брифингот, надлежност има и Град Скопје, а можните измени ќе мора да бидат усогласени со важечката планска документација.

Најнови вести од: Македонија

Гувернерот на средба во ПИОМ: Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола

На средбата беше истакната и важноста на континуираната комуникација и соработката со здруженијата на пензионерите, како значајни партнери во навременото информирање на граѓаните и заштитата на нивните права како корисници на платежните услуги.

Нови правила и инвестиции во паметни броила за побрза енергетска транзиција

Граѓаните можат да видат дали нивното броило е прочитано или не во својата сметка, каде што ако стои ознака О се работи за прочитано броило, а ако стои ознака М се работи за паушално одреден износ.

Рокас: Оваа година има поголем напредок наспрема 2025, но не се завршени уставните промени, договорени во 2022

– Во овогодинешниот извештај е забележан поголем напредок во однос на минатата година, особено во областите за дигитална трансформација, истражување, наука, образование, како и во преземањето чекори во владеењето на правото – изјави евроамбасадорот Михалис Рокас на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, за Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава.

Министерство за транспорт: СДСМ и ДУИ ги уништија „Македонски железници“, Обвинителство да постапи по ревизорските извештаи

Јавните претпријатија „Македонски железници транспорт“ и „Mакедонски железници инфраструктура“ ги примиле двата Ревизорски извештаи за периодот во кој со претпријатијата раководеа кадрите на СДСМ и ДУИ. Во Ревизорскиот извештај, кој е изготвен на барање на актуелните раководства во двете јавни претпријатија се нотирани клучни проблеми и за истите веќе се преземени мерки, информираат од Министерството за транспорт.

Мицкоски: ЕУ-извештајот во 2026 е подобар од 2025, немаме недостиг на реформи, туку наметнат билатерален спор, кој е хендикеп за евроинтеграцијата

Премиерот Христијан Мицкоски оцени денеска дека годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија во евроинтеграциите е подобар од минатогодишниот, посочувајќи дека во него нема ниедна оценка за назадување, а во две преговарачки поглавја е забележано зголемување на нивото на подготвеност за членство во Европската Унија.

To top