Според информациите до кои дојде А1он од извори во компанијата, Марковиќ во изминатите триесетина дена ниту еднаш не се појавил во седиштето на Македонски Телеком. Тој, според истите извори, периодов се наоѓа во Црна Гора, од каде што потекнува.
Она што особено предизвикало револт кај дел од раководството е фактот што, додека генералниот директор е отсутен, најголемиот дел од работните обврски и одговорности ги преземаат останатите раководни лица во компанијата.
Дополнително незадоволство предизвикува и висината на неговиот месечен надомест. Според информациите од компанијата, Горан Марковиќ месечно зема најмалку 20 илјади евра месечно.
За споредба, месечните примања на останатите раководни лица во Македонски Телеком се значително пониски, што, според нашите извори, дополнително го зголемува незадоволството во компанијата.
Марковиќ е генерален директор на Македонски Телеком, а неговото подолготрајно отсуство од седиштето на компанијата не значи дека тој формално не ги извршува своите обврски. Сепак, начинот на кој е организирана работата во периодот на неговото отсуство е причина за незадоволство кај дел од раководството.
Во компанијата, според нашите извори, особено се коментира и огромната разлика меѓу надоместот на генералниот директор и примањата на останатите директори и врабтени, додека товарот на секојдневното функционирање во негово отсуство паѓа врз други членови на раководството.
Марковиќ во Македонија бил забележан на 22 Август во Охрид каде Телеком е спонзор на Охридскиот маратон.
Македонски телеком засега не ги коментира информациите на А1ОН.
Телеком лани за прв пат по долги години не беше генерален спонзор на Охридско Лето како столб на македонската култура.
Како Македонски Телеком (не)свесно го урива македонскиот идентитет – Колумна