Македонија

Сиљановска-Давкова: Во време на премрежија Мајката Божја нѐ вдахновува и нѐ храбри да истраеме на патот на доброто, заедништвото и солидарноста

По повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до сите православни христијански верници и до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и Македонски и на Јустинијана Прва Стефан.

– Денот на Успението на Пресвета Богородица е потсетник за вознесението нејзино со дух и тело и нејзиното застапништвото пред Божјиот престол, за нејзината духовна сила, пожртвуваност, истрајност, доследност, за нејзината исконска мајчинска љубов, се наведува во честитката.

-Во време обременето со искушенија и премрежија ликот на Мајката Божја нѐ инспирира и храбри сите нас да истраеме на патот на доброто,  градењето на заедништвото, грижата и солидарноста во заедницата, чувајќи и негувајќи го мирот во неа. Посакувам на овој светол христијански празник, храмовите на Македонската православна црква, како во татковината, така и во дијаспората, да бидат исполнети со верници сплотени во христијанската љубов под закрилата на Пресвета Богородица. За многу години нека е големиот празник, Успение на Пресвета Богородица, стои во честитката од претседателката Сиљановска-Давкова.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

To top