Бојан Миовски си го заврши својот дел од задачата, погодувајќи во пенал-рулетот против Јаблонец на реваншот во Чешка, но Глазгов Ренџерс нерма да игра во групната фаза поради промашувањата на соиграчите на македонскиот фудбалски репрезентативец во последните две серии.
Јаблонец го доби возвратниот натпревар пред своите гледачи со 1:0, колку што загуби пред една седмица во Шкотска, а Миовски влезе во игра дури на стартот од второто продолжение, а при изведувањето удари од белата точка го реализира вториот за својот тим, доведувајќи го во тој момент во водство од 3:2 (2:1 во пенал-серијата).
„Ренџерите“ водеа и со 4:3 (3:2 на пенали), по што Чесите не реализираа, но предноста отиде неврат со неуспешните обиди на Кертис и на Пенрајс.
Најинтересните моменти од мечот и реализацијата на Миовски од белата точка (5:43 мин. од почетокот на видеото):