Хроника

Не застанал на даден знак на полицијата оти немал возачка, бегајќи се повредил

Тргнал да бега и на крај се повредил

Седумнаесетгодишен малолетник се здобил со тешки телесни повреди откако со нерегистриран мопед избегал од полициска контрола и паднал на булеварот „Србија“ во Скопје.

Според МВР, малолетникот претходно не застанал на даден знак од полицајци на булеварот „Борис Трајковски“.

Тој продолжил да се движи, а околу 2:30 часот паднал од мопедот. Бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

Полицијата утврдила дека малолетникот немал возачка дозвола, а мопедот не бил регистриран. По документирањето на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Најнови вести

To top