Македонија

Напаѓаат сè што е добро за државата, знаат само за „развој“ на марихуана

Од она што го гледавме во време на нивното владеење тие знаат само за развој на марихуана Македонија, за разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ развива индустрии како онаа со дата центрите, кои се иднината на Македонија

Венко Филипче и СДСМ напаѓаат сè што е добро за државата, секоја идеја, секој проект, иста е ситуацијата и со дата центрите, ширењето на лаги и хистерија не изостанува, вели Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Идејата за развој на овој вид на индустрија ја напаѓаат со некои работи кои датираат од пред повеќе од една декада. Сега Македонија е пазарна економија и јасен е начинот на постигнување на цената на струјата и кој ја плаќа истата. Исто така, сега има низа на начини за ладење на водата, кои зависат од тоа за што се наменети дата центрите. Значи, по овие прашања СДСМ само шири паника во јавноста – рече Лефков.

Очигледно е дека СДСМ се против сè што е корисно за напредокот на државата или тие се против Македонија, додаде тој.

– Од она што го гледавме во време на нивното владеење тие знаат само за развој на марихуана Македонија, за разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ развива индустрии како онаа со дата центрите, кои се иднината на Македонија. Иако е релативно нова, ова сепак е развиена индустрија во светот. Ова кажува се какви се намерите на СДСМ, а какви се на ВМРО-ДПМНЕ. Притоа јасно е дека при развојот на оваа индустрија Владата нема да дозволи тој развој да влијае на квалитетот на живот на граѓаните во негативна смисла, туку сосема спротивно – рече пратеникот Лефков.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова со Бланар: Словачка е против двојни стандарди во третирањето на земјите-кандидати за ЕУ

Словачка со силна поддршка за Македонија. Претседателката Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.

Премиерот е за отворање рудник за антимон кај Крива Паланка – „Штука“ и „Иловица“ предмет на судска постапка

Мицкоски истакна дека арбитражниот спор за „Казандол“ завршил во корист на македонската влада и дека украинската компанија, која била концесионер и ја покренала постапката, треба да ги плати трошоците поврзани со арбитражата.

Производството на струја е стабилно, рече министерката Божиновска

Произведената електрична енергија во земјава сега се продава по 65 евра за мегават-час, што е повеќе од двојно пониска цена во споредба со периодот кога актуелната Влада ја презела функцијата, кога цената надминувала 135 евра.

Мицкоски за Филипче: Ме нарекува „идиот“, а „идиот“ 7-8 пати го победува на избори, и нека се запраша кој е вистинскиот идиот?!

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата упатени кон него, истакнувајќи дека бил навредуван оти е „арамија“, „предводник на организирана криминална група“ и “нарко-трговец. Тој потсети и дека Филипче го нарекол „идиот“, прашувајќи кој е, поправо, вистинскиот идиот, ако тој тој успеал да победи на седум или осум избори.

Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална М-услуга и можност за дополнителни попусти

Зголемување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна и воведување посебна дигитална услуга преку апликацијата М-услуги, ова е предлогот што Владата им го презентирала на претставниците на студентските парламенти на сите универзитети, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска за младинските политики и студентскиот стандард.

Бланар: Словачка е против двојни стандарди за РМ во пристапувањето кон ЕУ! – Расте фрустрацијата кај кандидатките и ќе го изгубиме регионот!

Ние не можеме да прифатиме дека во европската интеграција која е поставена на ЕУ стандарди има различни критериуми за различни држави. Северна Македонија може да смета на големата поддршка на Словачка во евроинтеграцијата. Ова е наша улога којашто ја потврдивме уште на Самитот во Солун во 2004 година, но денес може да кажеме дека не […]

To top