Свет

Сериите ѝ носат над милијарда долари на Турција

Турција е помеѓу трите најголеми извозници на ТВ-серии во светот

Една милијарда луѓе во 170 држави гледаат турски серии беше истакнато на настан под име „„Глобалната приказна за турскиот бренд – турски ТВ серии“ што се одржа во Истанбул.

„Турција е помеѓу трите најголеми извозници на ТВ серии во светот“, изјави шефот на Дирекцијата за комуникации, Бурханетин

„ Меѓународниот подем на турските серии не е проект за културна хегемонија, туку ја одразува способноста на Турција да создава свои приказни и да ги презентира на различни општества“, истакна Дуран.

Тој додаде дека извозот на турски серии на странските пазари во раните 2000-ти години изнесувал околу 10 милиони долари, а денес надминува една милијарда долари.

Министерот за култура, Мехмет Нури Ерсој посочи дека турските серии го зголемуваат интересот за Турција.

Според него, турските серии станаа стратешка предност, чија важност далеку ја надминува нивната економска вредност, бидејќи го зголемуваат интересот за турскиот јазик, култура, гастрономија и туристички дестинации

Најнови вести од: Свет

Зеленски: Ограничувањето за напади врз руските рафинерии веќе не важи

Тој ја критикуваше подготвеноста на Вашингтон да склучува деловни договори со Москва, како и очигледното восхитување на американскиот претседател Доналд Трамп кон рускиот претседател, пренесува „Фајненшел тајмс“

To top