Македонија

Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината(ВИДЕО)

Порака за успешна учебна година

Премиерот Христијан Мицкоски им посака на сите првоодделенчиња успешни училишни денови, другарување и стекнување нови пријателства.

„Мислам дека сега отпочнуваат една нова фаза од своите животи којашто, се разбира, ќе има многу предизвици. За жал, животот не е она што најчесто се гледа по социјалните медиуми — „Инстаграм“, „Тикток“ и слично, туку напротив, животот има многу предизвици. Тие предизвици треба да се решаваат, тие предизвици ќе треба да се совладуваат сами или заедно со своите родители, заедно со своите другари и другарки, се разбира, во училиштата. Така што, еве една нова страница во нивните животи, а на сите ученици во основните и средните училишта низ државата им посакувам успешна учебна година, да стекнат нови знаења и тие знаења понатаму низ пракса и низ работа да ги применат во сопствената татковина Македонија“, изјави Мицкоски.

Со оваа порака премиерот го означи почетокот на новата учебна година, нагласувајќи ја важноста на реалните животни предизвици наспроти идеалистичките слики што се прикажуваат на социјалните мрежи.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, кои ќе ја засилат економската соработка со Унгарија

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска од Будимпешта порача дека Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, нагласувајќи дека економската соработка со Унгарија има значителен потенцијал за раст. Обраќајќи се на бизнис форумот посветен на деловната соработка меѓу двете земји, Мицкоски истакна дека ваквите средби се можност за директно поврзување на компаниите и […]

Да беше жив Јонче ќе го соблечеше палтото – Карерас пееше една од неговите легендарни песни

Изведбата на Карерас на антологиската песна, оригинално создадена од Јонче Христовски, предизвика огромни овации, силни емоции и воодушевување кај многубројната публика на преполниот плоштад ,,Македонија”

To top