Спорт

Видео на денот: Македонската химна во чест на медитеранскиот првак Белистојаноски

Каратистот ѝ го донесе првото злато на Македонија на Игрите во Таранто со триумфот од 6-0 над Хрватот Берак во финалето

Каратистот Матеј Белистојаноски ѝ го донесе на Македонија првиот златен медал на 20. Медитерански игри во Таранто, откако во финалето од категоријата до 67 килограми го декласира Хрватот Боран Берак со 6-0.

Претходно, европскиот шампион до 21 година беше убедлив и против Мустафа Алмасалмех од Сирија со 6-1 на стартот, Лука Мареска од Италија со 2-0 во четвртфиналето и Јоргос Балиотис од Грција со 5-1 во полуфиналето.

Златото на Белистојаноски е шести медал за Македонија на овие Игри, покрај двете сребра и трите бронзи, со кои таа се искачи на 18. место на листата на медали меѓу 24 земји што освоија барем еден од вкупно 38, колку што се натпреваруваат во Италија.

Белистојаноски на победничкиот пиедестал во Таранто во видеото: e774b63b-2e74-476f-a232-3f5f9db68a90

Најнови вести од: Спорт

Шпански фудбалер почина откако доби удар со колено од противничкиот голман (ВИДЕО)

Голманот на Андора, Хесус Овоно, истрча далеку од својот гол за да ја пресече акцијата, и во обидот да интервенира, ја крена ногата и силно го удри Де Мигел со коленото, по што тој падна на теренот и ја изгуби свест

To top