Во Струмица на 5 септември ќе биде отворено спомен-обележје во чест на Џоко Ѓоргиев и во спомен на 64-те жртви, соопшти Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“.
Настанот ќе се одржи во Градскиот парк, кај Домот на АРМ, а ќе започне со марш на сеќавањето во 17:30 часот. Маршот ќе започне од булеварот „Гоце Делчев“, кај Пекара „Бејкер“, и ќе заврши во Градскиот парк.
Главниот настан е предвиден за 19 часот, кога ќе се одржи музичка програма и свечено ќе биде отворено спомен-обележјето.
Од здружението велат дека обележјето ќе биде место на сеќавање на оние што ги загубиле животите и порачаа дека нивните имиња и споменот за нив треба да останат зачувани.
„Да бидеме таму за сите 64 ангели, за нивните незавршени соништа, за љубовта што ја оставија зад себе и за споменот што ќе го чуваме додека постоиме“, се наведува во објавата.