Маж на возраст од 74 години од округот Харгита во Романија бил нападнат од мечка и итно префрлен во болница, соопшти Полицискиот инспекторат на округот Муреш.
Инцидентот се случил откако автомобилот во кој се возел мажот удрил во дивото животно кое одеднаш скокнало на патот.
Мажот излегол за да ја провери ситуацијата и во тој момент бил нападнат. Другиот патник, 48-годишен маж исто така од округот Харгита, интервенирал за да го спаси повредениот сопатник, успевајќи да ја избрка мечката со помош на дигалка од автомобилот. Дивото животно потоа починало.
Полицијата во Муреш продолжува со истрагата за случајот за да ги утврди точните околности околу инцидентот и да преземе потребни законски мерки.
Пред една недела, мечка го откорна браникот на автомобил додека бил заглавен во сообраќаен метеж на планинскиот пат Трансфагарасан во Романија.
Во земјата има речиси 13.000 мечки – три пати поголема од оптималната големина на популацијата. Како резултат на тоа, сè повеќе мечки се симнуваат од планините и влегуваат во населени места.