Свет

Израел сака да го врати Иран „во камено доба“

Министерот за одбрана очекува напади од Техеран за време на еврејската Нова Година, на 11 септември, и на а Јом Кипур, најсветиот ден во еврејскиот календар, на 20 септември

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац му се закани на Иран со масовна одмазда во случај на напад врз Израел, јавува ДПА.

Слична закана упати и американскиот претседател Доналд Трамп:

Трамп: „Од Иран речиси ништо нема да остане“ кога ќе се случи големиот американски напад

„Ќе ја нападнеме целата воена и цивилна инфраструктура на Иран, вклучувајќи ја и неговата енергетска инфраструктура, и ќе го вратиме Иран длабоко во каменото доба и темниот век“, се закани Кац.

„Иранскиот напад врз Израел би нè ослободил од сите постоечки ограничувања“, додаде тој за време на состанокот со претставници на Министерството за одбрана.

„Гледаме знаци дека огромниот економски притисок под кој е Иран, како и стравот од востание и пад на режимот, би можеле да ја натераат земјата да преземе очајни мерки“, истакна тој.

Вчера, Кац рече дека Израел се подготвува за можноста за ирански напад за време на претстојните еврејски празници.

„Техеран сака да напаѓа за време на празници“, рече министерот за одбрана.

Рош Хашана, еврејската Нова Година, започнува вечерта на 11 септември, а Јом Кипур, најсветиот ден во еврејскиот календар, започнува вечерта на 20 септември.

Во април, Иран започна напади врз Израел за време на еврејскиот празник Пасха, како дел од војната меѓу двете земји.

Американскиот претседател Доналд Трамп упати слична закана за време на конфликтот.

„Ќе ги вратиме во камено доба, каде што им е местото“, се закани тој на почетокот на април. Неговите воинствени изјави предизвикаа широко распространето негодување кај Иранците, вклучително и кај противниците на владата.

Најнови вести од: Свет

Израелски министер: Палестинците мора да се иселат од Газа

Министерот за одбрана на Израел тврди дека нема трајно решение за Газа без масовен егзодус на населението и рече дека израелската држава е подготвена да организира заминување на Палестинците по море, воздух и други средства

To top