Македонија

Таравари: Да имаше притисоци ќе останев во влада

„Кога ќе дојде моментот да попаднам под притисоци, тогаш нема да се занимавам со политика“ вели лидерот на АА

„Не знам некој поради пристисоци да оди во опозиција, тоа се шпекулации“, вели првиот човек на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари околу неговото напуштање на владата и на коалицијата ВРЕДИ во пресрет на Локалните избори.

„Никогаш немало притисоци ниту од другата страна, никогаш во животот не сум потпаднал под притисоци.

Во 2017 година во Гостивар имав соработка со ВМРО-ДПМНЕ во локалната власт и имав притисоци од централнтата власт. Централната власт е таа што може да прави притисоци, не може опозицијата. А кога ќе дојде момент да потпаднам под притисок, ќе нема да се занимавам со политиката“, рече Таравари во Вести Плус на Канал 5.

За локалните избори се можни секакви комбинации, речеТаравари, кој ќе соработува со доскорешните ривали, Али Ахмети и Зијадин Села.

Очекува наесен заедно со Европскиот фронт во албанскиот блок да освојат повеќе од два спрема еден гласови во споредба со ВРЕДИ и вели дека доколку соодносот е помал воопшто нема да има потреба и логика да се бараат предвремени парламентарни избори.

Најнови вести од: Македонија

Времето се менува, студот доаѓа и во Македонија

Според најновите податоци од УХМР, Македонија оваа недела ќе влезе под влијание на циклонска активност која носи значително променливо и нестабилно време. Во следните денови ќе доминира облачност со повремени врнежи од дожд, а најинтензивни врнежи се очекуваат во среда и четврток.

Лидерот на демократите Бериша повика на „уривање на Рама и наркодиктатурата“ и за „спас на Албанија од катастрофата“!

Лидерот на опозициската Демократска партија и премиер на Албанија од 2005 до 2013 година Сали Бериша на вечерашниот митинг во Тирана обвини дека „нема нација во светот што е повеќе ограбена од албанската, што е срам за секој Албанец“. „Ние сме единствената земја во светот, што во период од седум години потроши 400 милиони евра за согорување на отпад во Тирана, Фиер и Елбасан, но денес нема ниту еден од нив.“ – посочи Сали Бериша, објави албанската новинска агенција АТА.

Адолф Хитлер во нов „поход“ – на изборите во Намибија?!

„Животниот пат на локалниот политичар од африканската држава Намибија со името Адолф Хитлер Унона е во целосна спротивност со животниот пат на неговиот историски истоименик од Германија. Хитлер Унона влегол влегол во политиката приклучувајќи се кон борците против апартхејдот. „Имањето на ова име не значи дека сега сакам да го потчинам Ошана.“ – рекол тој, осврнувајќи се на регионот што го претставува.

To top