Македонија

Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати долг од околу 8 милијарди евра, направен од власта на СДС и ДУИ, а не се знае за што ги потрошија!

„Кога СДС зборува за задолжувањето мора да се потсетиме на многу важен факт: во следните неколку години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра, земени кога беа на власт СДС и ДУИ. Не се создадени вчера долговите, што треба да ги враќа Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денес и во следните години.“ – нагласи Билјана Кузманоска, пратеничка од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста. 

Натаму Кузманоска истакнува: Само оваа година се враќаат околу 1,5 милијарди евра. Во 2027 година треба да се вратат уште 1,5 милијарди евра, во 2028 година околу 1,9 милијарди, во 2029 година околу 1,3 милијарди, а во 2030 година уште 1,4 милијарди евра. Тоа се близу 8 милијарди евра, долгови кои ги остави СДС, а не знаеме на што ги потрошија.

Не може седум години да управувате со државата, да ја задолжувате и да преземате финансиски обврски, а потоа како опозиција да се однесувате дека некој друг го направил долгот. Кога Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста во јуни 2024 година, јавниот долг беше над 60 проценти од бруто-домашниот производ, а денес е 58,8 проценти.

Ги враќаме долговите што сме ги наследиле, а јавниот долг како процент од бруто-домашниот производ е веќе понизок од нивото, што го затекнавме. Напоредно со тоа македонската економија денес бележи раст од 4,3 проценти. Кога СДС следниот пат ќе зборува за јавниот долг, нека одговори: за што ја задолжија државата со 4,5 милијарди евра за само 7 години?

За јахта, за стан во Дубаи, или за акции во индиска авиокомпанија? Не сме исти. Разликата е очигледна. – посочува Билјана Кузманоска од ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Заветот од АСНОМ не’ обврза каква држава да создадеме

Дрржава не се гради само со демократските избори и со конституирањето на институциите, туку со градење на функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и со почитување на највисоките стандарди, не само на домашното туку и на меѓународното право, порача претседателката на Македонија

To top