Македонија Бизнис

Нова турска инвестиција влегува во Македонија, кој се може да аплицира за работа?!

Нова инвестиција денеска ќе започне да се гради во ТИРЗ Скопје кадешто согласно најавите траба да биде поставен камен темелник на фабриката на турската компанија „Шахтерм“. На почетокот на изградбата на објектот ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски. Според потпишаниот договор меѓу Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) и „Шахтерм“, вредноста на инвестицијата е […]

Нова инвестиција денеска ќе започне да се гради во ТИРЗ Скопје кадешто согласно најавите траба да биде поставен камен темелник на фабриката на турската компанија „Шахтерм“. На почетокот на изградбата на објектот ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски. Според потпишаниот договор меѓу Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) и „Шахтерм“, вредноста на инвестицијата е 100 милиони евра.

Предвидена е изградба на објект со површина од над 13.000 квадратни метри, како и отворање 1.000 работни места. Инвестиција ќе опфати и центар за истражување и развој, а ќе биде прв производствен капацитет на „Шахтерм“ надвор од Турција.

Компанијата „Шахтерм“ има повеќе од 40 години искуство во дизајн и производство на системи за греење за бела техника и апарати за домаќинство.

Во моментот, „Шахтерм“ е дел од водечките пет компании во оваа дејност на глобално ниво, со повеќе од половина од годишното производство наменето за пазарите надвор од Турција. Листата на клиенти е составена од познати светски производители на бела техника и апарати за домаќинство како „Вирпул“, „Амика“, „Горење“, „Беко“ и „Кенди“.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Билјана Ивановска во трка за градоначалник на Центар

Граѓанските иницијативи од Платформата „Независни заедно“ денеска објавија дека поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, ќе биде независна кандидатка за градоначалничка за Општина Центар. Ивановска е поддржана од иницијативите „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и граѓанската иницијатива „398“. Ивановска ќе одржи прес-конференција пред фонтаната „Лотус“ на влезот во Градски Парк в четврток […]

Мицкоски го посети ловиштето Јасен каде со денови трае борбата со огнената стихија

Премиерот Христијан Мицкоски Денеска заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов го посети ловиштето Јасен каде што веќе неколку дена вработените во ДЗС, припадниците на специјалните единици во МВР, но и Министерството за одбрана се борат со огнената стихија овде. -Можам да кажам дека делумно е под контрола, иако се уште […]

Кој треба и зошто да го преземе „тестаментот“ на Арбен Џафери дека „Македонците се измислена нација“? Зошто се реобјавува по 20 години?!

Повторно реобјава на противмакедонско писание со жестока негација на самото постоење на македонскиот народ. Кои, или кои „современи политичари“ би требало да го преземат како „наследство“ овие „тестаментални“ негирања на македонскиот народ, денес на идентична линија со официјалната политика на Бугарија и Грција?

Арсовска молчи пред медиумите, а обвинува за пристрасно известување

Градоначалничката на Скопје Арсовска за четири години колку што е на функцијата, до Совет за етика во медиумите (СЕММ) поднела 18 жалби против 18 медиуми за неточно информирање за нејзината работа. Од нив 11 биле основани, а шест неосновани, а една жалба, онаа против порталот Фактор.мк, е решена по пат на медијација. Ако на ова […]

„Вреди“: Граѓаните нема да му поверуваат на Османи и неговите лажни приказни

Коалицијата „Вреди“ обвини дека Бујар Османи и ДУИ стравуваат од пораз во Чаир и дека, како што наведуваат, граѓаните нема да поверуваат во нивните „лажни приказни“. „Османи е свесен дека неговата политичка кариера без конкретни резултати и проекти овој пат ќе заврши. Тој не е кандидат кој работел за Чаир, ниту пак помогнал на жителите […]

To top