Македонија

Сиљановска Давкова на Мечкин Камен, Бендевска во Прохор Пчински

Државниот врв и оваа година ќе го одбележи националниот празник Илинден на различни локации

 

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, ќе присуствува на централната манифестација во Крушево, на Мечкин Камен симболот на Крушевската Република и Илинденското востание од 1903 година, по повод одбележувањето на Денот на Републиката – 2 Август,

Во име на претседателот на Собранието, Африм Гаши, потпретседателката Весна Бендевска, по повод 81 година од Првото заседание на АСНОМ, ќе го одбележи 2 Август – Илинден, во манастирот Прохор Пчински и во Меморијалниот центар во Пелинце.

Премиерот Христијан Мицкоски ќе биде дел од свеченостите во Скопје, каде ќе положи свежо цвеќе и ќе има свое обраќање по повод празникот.

Собраниска делегација, предводена од потпретседателот Антонијо Милошоски, во состав: Бети Стаменкоска-Трајкоска, Славјанка Петровска, Бобан Карапејовски и Малиша Станковиќ, ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев, пред Собранието; пред споменикот на АСНОМ, Парк „Жена борец“ и пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, на плоштадот „Македонија“.

Собраниска делегација, во состав Биљана Кузманоска и Митко Трајчулески, ќе положи свежо цвеќе во Крушево, на гробот на Никола Карев, Македониум; пред споменикот на Слива „На хероите на Слива“ и на „Мечкин Камен“.

Најнови вести од: Македонија

Министерството за култура ќе плати за споменикот за жрвите од „Пулс“

Министерството посочува дека претставниците на семејствата на средбата изразиле благодарност за приемот и за појаснувањето на чекорите што треба да следат, со договор по завршување на законската процедура повторно да се воспостави комуникација за обезбедување на потребните средства.

To top