Македонија

(Фото): Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

Сиљановска-Давкова нагласила дека знаењето, стручноста и иновативниот потенцијал на младите инженери се значаен ресурс за државата и дека нивното активно вклучување во образовниот, научниот и технолошкиот процес претставува заедничка обврска на институциите, академската и професионалната заедница.

Создавање услови најуспешните млади инженери да го остварат својот професионален потенцијал во Македонија било во фокусот на средбата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со добитниците на престижното признание „Инженерски прстен“. Средбата се одржала во вилата „Билјана“ во Охрид, а присуствувале и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, претседателот на Инженерската институција на Македонија, Андреј Лепавцов, како и претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Дејан Метикош.

Сиљановска-Давкова им го честитала признанието на младите инженери и ја истакнала важноста на нивното знаење, стручност и потенцијал за идниот развој на државата. Според неа, особено важно е да се создадат услови најуспешните млади кадри својот професионален пат да го градат во земјава.

Лауреатите ги претставиле своите професионални планови и ги споделиле своите видувања за состојбите во државата, со посебен акцент на високото образование. Тие укажале на потребата од подобри услови за работа и професионален развој на инженерите, што би придонело кон нивно задржување во Македонија.

Во текот на разговорот било предложено унапредување на законската рамка за високото образование, особено во делот на соодветното вреднување на исклучителните резултати при изборите и вработувањата на универзитетите. Била нагласена и потребата навреме да се обезбеди нов кадровски потенцијал и да се избегне создавање генерациски јаз во академската заедница.

На средбата биле отворени и прашања поврзани со јавната архитектура, центрите за податоци и односот кон завршените, но сè уште неискористени проекти, како и со поставувањето фотоволтаични системи на плодно земјоделско земјиште. Било разговарано и за забрзаниот одлив на најдобрите македонски инженери и други висококвалификувани кадри во соседните земји.

Посебно внимание било посветено на перспективите на дигиталната агрономија. Инженерката од областа на агрономијата ја истакнала важноста на примената на современите дигитални технологии во земјоделството, како и можностите што оваа област ги нуди за младите и за зголемување на земјоделските приноси.

Учесниците ја нагласиле и потребата од премин и примена на европските стандарди, односно еврокодовите, во државната регулатива и македонската инженерска практика.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ја претставил насоката на дигитализацијата, додека претседателот на Комората, Дејан Метикош, упатил покана за експертски настан посветен на примената на стандардите, кој ќе се одржи на крајот на септември.

Младите инженери посочиле дека се подготвени да прифатат професионални позиции во Македонија и да преземат одговорност за нејзиниот технолошки развој.

На крајот од средбата, претседателката предложила воспоставување база на добитниците на признанието „Инженерски прстен“, со цел подобро поврзување на успешните инженери и нивно вклучување во развојни процеси и проекти во различни инженерски области.

Сиљановска-Давкова нагласила дека знаењето, стручноста и иновативниот потенцијал на младите инженери се значаен ресурс за државата и дека нивното активно вклучување во образовниот, научниот и технолошкиот процес претставува заедничка обврска на институциите, академската и професионалната заедница.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Проширувањето на Вертикалниот коридор ја зајакнува регионалната енергетска безбедност

Меморандумот во Солун го потпиша директорот на НОМАГАС, Недим Рама. Членството во овој коридор отвора нови можности за снабдување со природен гас, намалување на зависноста од еден единствен извор на снабдување и зајакнување на позицијата на земјата во регионалната енергетска мрежа.

(Видео): Станавме дел од енергетската мапа – со повеќе алтернативи до поголема конкурентност и пониски цени, рече Божиновска

Потпишувањето на Меморандумот за разбирање во Солун со кое Македонија и Србија и официјално се вклучија во Вертикалниот коридор, доби голема медиумска покриеност во Грција со коментари дека се воспоставува „нов енергетски мост од Грција кон Балканот“, додека пак од ДЕСФА посочуваат дека е „значаен чекор за проширувањето на регионалната енергетска соработка“.

(Фото): Драго ми е што помогнавме во обнова на Старата чаршија – културно наследство во Гевгелија, рече Николоски

Министерството за транспорт ги издаде сите одобренија за реконструкција на објектите во Старата чаршија во Гевгелија, со што допринесовме да го заштитиме ова културно наследство, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам и градоначалникот на Гевгелија, ја пуштија […]

To top