Косејќи со бензински тример, жител на Македонски Брод вчераутро околу 10 часот предизвикал пожар во близина на неговата куќа во селото Брезница од искрите на рачната косилка, а полициски службеници подоцна го лишиле од слобода по пријава.
Пожарот предизвикан од 38-годишниот М.Т. брзо се проширил на соседните имоти, но бил изгаснат со интервенција на екипа од Јавното претпријатие „Национални шуми“ и од локалното население, при што нема повредени.