Хроника

СВР Битола: 52 санкции за возачи на мопеди и мотоцикли и 25 казни за возачи на електрични тротинети

Акциска контрола на СВР Битола

На 07.09.2026 во периодот од 16:00 до 22:00 часот на подрачјето на СВР Битола е спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на мопеди и електрични тротинети. За време на контролата преземени се 52 мерки против возачи на мопеди и мотоцикли, од кои 33 за некористење на заштитен шлем – кацига, четири за возење под дејство на алкохол, пет за необновена полиса за осигурување, еден за измината важност на сообраќајната дозвола и девет останати прекршоци. Исто така, за време на акциската контрола преземени се 25 мерки против лица кои управувале електрични тротинети. Од нив 17 за некористење кацига и рефлектирачки елек навечер, две за управвуање по несоодветна површина, една против лице кое не наполнило 18 години и пет останати прекршоци.

При контролата откриени се и осум кривични дела по член 297-а од Кривичниот законик и одземени се осум моторни возила.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Најнови вести од: Хроника

Скандал со лажни „кубански вакцини против рак“ во Велес: Осомничениот измамил повеќе граѓани, Обвинителството спроведува истрага и претреси

Основното јавно обвинителство Велес води истрага против едно лице осомничено дека измамило повеќе граѓани, нудејќи им наводни „кубански вакцини“ против рак, со цел да прибави противправна имотна корист. Против осомничениот е оформен предмет за кривичните дела „измама“ и „надрилекарство“.

To top