Македонија

Бегалецот Перпарим Бајрами се предаде на македонските власти

По него беше распишана меѓународна потерница и сега, као во случајот со Артан Груби, и тој се стави на располагање на органите на прогонот

Поранешниот директор на „Државна лотарија“ кој е осомничен за проневера и злоупотреба на службената положба, утринава се предадел на органите на прогонот, откако беше во бегство.

Во 05:35 часот, Перпарим Бајрами од Куманово, роден на 10 февруари 1993 година, самоволно и пеш се пријавил кај надлежните органи.

По Бајрами беше распишана мерка „апси“ по барање на СМПС – Одделение за потраги, согласно член 354 став 5 од Кривичниот законик.

Мерката е потврдена, по што Бајрами е лишен од слобода и ќе биде спроведен на понатамошна постапка пред надлежните органи.

Со ова, по Артан Груби, уште едно лице по кое се трагаше е ставено на располагање на органите на прогонот.

Во случајот обвинети се и поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и уште шест лица. Груби, кој исто така повеќе од една година беше недостапен за органите на прогонот, се предаде на Блаце во февруари годинава, по што му беше определен куќен притвор.

Судењето за случајот продолжува во петок.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top