Македонија

Нов напад врз македонскиот идентитет од Бугарија: Костадинов бара македонскиот јазик да се прогласи за „бугарски дијалект“

Продолжува политиката на негирање на македонскиот јазик и посебност

Пратеникот и лидер на бугарската партија „Преродба“ Костадин Костадинов денеска во бугарскиот парламент поднесе иницијатива со која македонскиот јазик би бил третиран како бугарски дијалект. Со тоа продолжува политиката на негирање на македонскиот јазик и посебност.

Новата иницијатива повторно ја отвора чувствителната тема и едно лингвистичко прашање го претвора во политичко средство за притисок. Костадинов не е првпат од парламентарната говорница да ги застапува овие ставови – претходно отворено тврдеше дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот и дека македонските говори се дел од бугарското јазично подрачје.

Од македонска перспектива, најновиот потег се доживува како директен напад врз македонскиот јазик, идентитет и историска посебност, особено затоа што доаѓа од висок политички претставник на соседна држава.

Иницијативата повторно го поставува прашањето дали Софија ќе продолжи да го користи јазичното и историското прашање како инструмент во односите со Скопје.

Додека Македонија се соочува со политички и европски предизвици, од бугарската сцена повторно пристигнува порака со која се оспорува еден од основните елементи на македонскиот идентитет – јазикот.

Останува да се види дали предлогот на Костадинов ќе добие поширока поддршка во бугарскиот парламент или ќе остане уште еден радикален политички гест насочен кон наметнување на бугарските историски и јазични толкувања.

Најнови вести од: Македонија

Николоски од Виена: Реализираме инфраструктурни проекти вредни до 6 милијарди евра

Николоски нагласи и дека на Македонија ѝ се потребни меѓународни пријатели и силни партнерства, додавајќи дека преку ваквите форуми се создаваат можности за нови форми на институционална соработка со европските партнери.

(Фото): Ова е најтешкиот буџет, се враќаат две милијарди евра, ќе има и поголеми плати, најави министерката за финансии

Јавниот долг заклучно со третиот квартал годинава, според податоците од Министерството за финансии, изнесува 10 милијарди 930 милиони евра или 56,6 проценти од БДП. До крајот на годината, во согласност со сегашните проекции, би требало да изнесува 11.250 милиони евра или 58,2 проценти од БДП, а државниот долг да биде 51 процент.

Уставни измени во 2001: Треба да се спречи Македонија и целосно да ја изгуби својата „македонска душа“ како држава! (3)

Ноемвриските уставни амандмани од 2001 година „инсталираа“ „фабрички дефект“ во функционирањето на политичкиот систем преку воведувањето на „консензуалната“, „договорна демократија“, предвидена да ја практикуваат „етничките поглавари“ на Македонците и Албанците. Експертите посочуваат дека таквата „договорна демократија“ ја претвори Македонија во непрогласена „двонационална држава“ со „отворена перспектива“ наместо унитарна држава да стане и „двокантонална федерација“, или можеби и конфедерација. Сегашната претседателка на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова учествувајќи на една научна расправа во МАНУ пред 19 години, тогаш како професорка по уставно право и уставен систем, констатираше дека „во 2001 година врз македонската држава беше спроведен рамковен и уставен инженеринг во режија на меѓународната заедница“. Силјановска-Давкова уште тогаш имаше изнесено предупредување дека е реална заканата „Македонија да стане ‘држава без душа“.

Мицкоски за ужасниот напад врз девојката во Охрид: Жестоко го осудувам ова дивјаштво! – Сѐ ќе сториме сторителот да одговара пред правда!

Премиерот Христијан Мицкоски упати остра осуда за нападот врз младата девојка во Охрид, изразувајќи поддршка до нејзиното семејство, ветувајќи дека институциите ќе сторат сè сторителот да биде изведен пред лицето на правдата.

To top