Хроника

За криминалната афера „Возачки дозволи“ МВР поднесе кривични пријави за 27 лица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави против 27 лица, меѓу кои и една вработена во Министерството за внатрешни работи, поради постоење основи на сомнение за повеќе кривични дела поврзани со незаконско внесување категории во возачки дозволи, нивно издавање и употреба.

При преземените мерки и активности на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди утврдени се злоупотреби во постапките за издавање возачки дозволи преку незаконски измени на податоци во електронскиот систем и издавање јавни исправи со невистинита содржина. Од пријавените, едно лице вработена во Одделението за управни работи Скопје, се сомничи дека во периодот од 03.09.2020 до 24.08.2026 година, користејќи ја својата службена шифра и службените овластувања во електронскиот систем, незаконски менувала претходно креирани барања за издавање возачки дозволи од други вработени, а во одредени случаи ги отфрлала веќе оформените барања и креирала нови, во кои внесувала категории за кои подносителите не ги исполнувале законските услови. По извршените измени, барањата биле одобрувани и биле издавани возачки дозволи со невистинита содржина.

Претходно, во периодот од 11.02.2021 до 11.04.2021 година, истото лице било отстрането од работното место, а потоа и отстрането од Министерството за внатрешни работи поради поднесена кривична пријава за кривични дела сторени при вршење на службената должност, кои се однесувале на злоупотреби во постапките за издавање лични документи. На 15.01.2025 година, врз основа на судска пресуда, повторно била вратена на работното место во ОУР Скопје. Со ваквото незаконско постапување биле издадени возачки дозволи на 21 лице со незаконски внесени категории, додека во еден случај дејствието останало во обид. Во три случаи претходно креираните барања биле отфрлени, по што биле оформени нови барања во кои повторно биле внесени категории за кои не биле исполнети законските услови.

Во текот на истрагата е утврдено дека четири лица постапувале како посредници, при што во договор и содејство со вработената во МВР посредувале за незаконско издавање на возачки дозволи. Истите пронаоѓале заинтересирани лица, и поврзувале со службеното лице и ја координирале постапката до незаконското внесување и одобрување на категориите во електронскиот систем и нивно издавање. По преземените мерки, за вработената во МВР постојат основи на сомнение за 22 кривични дела „Фалсификување исправа“  и едно кривично дело „Фалсификување исправа“.

Дел од останатите пријавени лица, во договор и содејство со вработената, учествувале во постапките за незаконско издавање на возачките дозволи, при што се сомничат за сторено кривично дело „Фалсификување исправа“ во соизвршителство, а за едно кривични дела за истото дело во обид. Лицата на кои им биле издадени возачките дозволи, иако не ги исполнувале законските услови за соодветните категории, ги започнале постапките со поднесување барања, по што категориите биле незаконски внесени и одобрени во електронскиот систем. За нив постојат основи на сомнение за кривично дело „Фалсификување исправа“ во соизвршителство.

Дополнително, шест лица ги употребиле така издадените возачки дозволи при преминување на државната граница. Две од нив ги употребиле и во постапки за добивање сертификати за професионална компетентност за возачи во меѓународен превоз на патници и стоки, при што се стекнале со сертификати издадени од Министерството за транспорт. За овие дејствија постојат основи на сомнение за шест кривични дела „Употреба на исправа со невистинита содржина“. Во еден случај постапката за незаконско внесување категорија не била довршена, поради што постојат основи на сомнение за кривично дело „Фалсификување исправа“ во обид во соизвршителство

Најнови вести од: Хроника

Двајца подметнувачи на пожари снимени како ги палат дуќаните во Шутка (Видео)

Пожарот, во кој изгореа над 20 дуќани во скопската населба Шуто Оризари, е подметнат. Тоа го потврдуваат видеоснимките од надзорните камери, до кои дошла информативната агенција „Рома Прес“.

Злоупотреби со издавањето возачки дозволи – се бара притвор за тројца осомничени, поведена постапка за 27

Една од осомничените е вработена во МВР која се сомничи дека користејќи ја својата службена шифра и службените овластувања во електронскиот систем, незаконски менувала претходно креирани барања за издавање возачки дозволи од други вработени

Вреди: Случајот Ласкарци е симбол на неуспехот на судството, кое мора да се реформира од корен!

Седум години по трагедијата кај Ласкарци, семејствата на 16-те жртви сè уште ја чекаат правдата. Укинувањето на пресудата на Апелациониот суд и враќањето на предметот на повторно судење повторно отвораат простор за ново одолговлекување на процесот, порачаа денеска од ВРЕДИ.

Поднесена кривична пријава против уапсениот помошник директор во Царинска Управа, поради примање мито

На 10.09.2026 во близина на клучка Желино, на автопатот Скопје-Тетово, полициски службеници под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК го лишија од слобода Џ.И. (63) од Шипковица, Тетово, помошник директор во Царинска управа на РМ. Денеска (11.09.2026) Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против него за сторени кривични дела „примање поткуп“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

Полициски претреси на 32 локации, проверка и во службени простории на МВР – сомнежи за незаконски дејства околу возачки дозволи!

Министерството за внатрешни работи денеска информира дека спроведуваат акција со претреси на повеќе локации, поради сомненија за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за C и D категорија.

Најнови вести

To top