Македонија

Претседателот на Босилово Манчев: Пожарот во Иловица е подметнат, гранките биле сечени со секира, најдена е и запалка!

„Според сите укажувања, намерно предизвикан пожар ќе направеше катастрофа во Иловица. Благодарение на брзата реакција на голем број граѓани, противпожарната служба и МВР, пожарот е изгаснат.“ – објави градоначалникот на Општина Босилово Ристо Манчев, во објава на фејсбук.

Ристо Манчев, претседател на општина Босилово

Натаму првиот човек на Босилово истакнува во објавата: По сите индикации, намерно предизвикан пожар денес ќе направеше катастрофа во Иловица. Благодарение на брзата реакција на голем број граѓани, противпожарната служба и МВР, пожарот е изгаснат.

Изгорена е поголема површина на сува трева и грмушки. Пожарот беше само на стотина метри од првите куќи и среќа во несреќа е што ветерот дуваше во спротивен правец од селото.

Местото каде е подметнат пожарот е утврдено, гранките се сечени со секира, најдена е запалка, итн. Многу индикации за намерно предизвикување на пожар.

Не можам да сфатам како сеуште има луѓе кои не ја разбираат опасноста од пожарите и подметнување пожари без грижа на совест, пишува на фејсбук Ристо Манчев.

Најнови вести од: Македонија

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

Владата денеска ќе го намалува данокот на додадена вредност за горивата од 18 на 10 проценти

Владата денеска ќе одржи седница на која треба да донесе нова мерка за ублажување на растот на цените на горивата – намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти, најави премиерот Христијан Мицкоски.

„Михаел ќе остане засекогаш дел од нашето училишно семејство“ – училиштето се прости од 18-годишникот, кој загина со татко му на патот Илинден – Миладиновци

Училиштето „Здравко Цветковски“ се прости од својот ученик Михаел Арсовски, кој заедно со својот татко го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа на патот Илинден – Миладиновци. „Со длабока тага ја споделуваме веста за трагичната и ненадејна загуба на нашиот ученик Михаел Арсовски, ученик во Г-4а клас, кој заедно со својот татко трагично го загуби животот“, објави училиштето..

To top