Хроника

Криумчари на стока со возило влечеле полицаец кај Блаце

Неверојатна дрскост на криумчарите на стока

Полицаец синоќа бил нападнат и потоа влечен со возило и пуштен, при што се здобил со повреди. инцидентот се случил на близина на граничниот премин Блаце, откако полициска екипа на Регионалниот  центар за гранични работи – Север се обидела да запре камион со криумчарена стока кој се движел од граничниот премин кон Скопје.

Според информациите од МВР, вчера околу 17 часот, во правец од Граничниот премин „Блаце“ кон Скопје, кај местото викано „Вражји вир“, полициски службеници забележале товарно возило „фолксваген транспортер“ со странски регистарски ознаки. Возилото било натоварено со разновидна криумчарена стока, а возачот не застанал на дадениот знак и продолжил да се движи.

По кратко време полицијата успеала да го запре возилото. При обидот возачот да биде приведен, на местото пристигнало друго возило од кое излегло лице кое физички нападнало еден од полицајците.

Во текот на инцидентот, едно од лицата го фатило полицаецот за раката, по што тој бил влечен со возилото управувано од другото лице. Потоа бил пуштен, паднал на земја и се здобил со повреди.

Најнови вести од: Хроника

За криминалната афера „Возачки дозволи“ МВР поднесе кривични пријави за 27 лица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави против 27 лица, меѓу кои и една вработена во Министерството за внатрешни работи, поради постоење основи на сомнение за повеќе кривични дела поврзани со незаконско внесување категории во возачки дозволи, нивно издавање и употреба.

Двајца подметнувачи на пожари снимени како ги палат дуќаните во Шутка (Видео)

Пожарот, во кој изгореа над 20 дуќани во скопската населба Шуто Оризари, е подметнат. Тоа го потврдуваат видеоснимките од надзорните камери, до кои дошла информативната агенција „Рома Прес“.

Злоупотреби со издавањето возачки дозволи – се бара притвор за тројца осомничени, поведена постапка за 27

Една од осомничените е вработена во МВР која се сомничи дека користејќи ја својата службена шифра и службените овластувања во електронскиот систем, незаконски менувала претходно креирани барања за издавање возачки дозволи од други вработени

Вреди: Случајот Ласкарци е симбол на неуспехот на судството, кое мора да се реформира од корен!

Седум години по трагедијата кај Ласкарци, семејствата на 16-те жртви сè уште ја чекаат правдата. Укинувањето на пресудата на Апелациониот суд и враќањето на предметот на повторно судење повторно отвораат простор за ново одолговлекување на процесот, порачаа денеска од ВРЕДИ.

Поднесена кривична пријава против уапсениот помошник директор во Царинска Управа, поради примање мито

На 10.09.2026 во близина на клучка Желино, на автопатот Скопје-Тетово, полициски службеници под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК го лишија од слобода Џ.И. (63) од Шипковица, Тетово, помошник директор во Царинска управа на РМ. Денеска (11.09.2026) Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против него за сторени кривични дела „примање поткуп“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

To top