Македонија

Димовски: Тогаш кога Македонија ќе биде Македонија, тогаш ќе славиме, денес само одбележуваме

Експратеникот со празнично илинденско послание за размисла на Македонците каде и да се

Поранешниот пратеник Илија Димовски со малку поинаква честитка за големиот македонски национален празник Илинден.

Тогаш кога Македонците ќе имаат право да кажат дека се Македонци;

Тогаш кога Македонците ќе можат да учат на македонски;
Тогаш кога Македонците ќе можат да живеат слободно, без граници помеѓу себе;
Тогаш кога Македонија ќе може да се вика Македонија;
Тогаш кога Македонија ќе може да го вее знамето кое прво го развеа;
Тогаш кога Македонија ќе може да ги учи своите деца на историјата која сама ја помни за себе;
Тогаш кога Македонија ќе може да ги именува своите државни институции за македонски;
Тогаш кога Македонија ќе биде Македонија, тогаш ќе имаме право да славиме.
Денес само смееме да одбележуваме.
Денес само одбележуваме за да не заборавиме и ние, и другите, за слободата на Македонија.
Одбележуваме затоа што слободата уште не е завршена работа.
Да живее обединета Македонија во обединета Европа!
Да е вечна идејата за слобода на Македонија!
Вечен да е Илинден!“, порача Димовски на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Патиштата проодни, службите на терен – стабилно во Македонија по снежните врнежи

Сè уште е во сила забраната за движење на товарни моторни возила на планинските превои Стража и Пресека. До пладне сите патни правци на територијата на Скопје се исчистени и сообраќајот се одвива по влажни коловози, информира Центарот за управување со кризи во најновиот извештај за состојбата на патиштата.

Во најава поевтини мобилни услуги – Што ќе значи „4iG“ за Македонските граѓани?!

Премиерот се сретна со сопственикот на компанијата која ја доби дозволата за трет мобилен оператор. Денот, како што нагласува, го продолжиле на панел на кој со светските лидери и претставниците на мултинационални компании разговарале за предизвиците на човештвото во годините што следуваат.

Новиот систем за влез во ЕУ може да ги уништи транспортерите и економијата

Вицепремиерот Николоски најави дека Владата ќе продолжи интензивно да работи на надминување на предизвикот, со цел заштита и стабилизација на транспортниот сектор и на економијата, како во Македонија така и во целиот регион. Европската комисија се огласи по најавите за блокада на граничните премини од страна на превозниците од Западен Балкан, поради воведувањето на новиот систем за влез и излез – ЕЕС.

(Фото+Видео): Сите државни патишта се исчистени и проодни, екипите на „Македонија пат“ на терен, вели министерот за транспорт

„Благодарам за силниот ангажман на вработените во Македонија пат. А, снегот дава дополнителна убавина на нашата Македонија!“, порача министерот за транспорт Николоски. Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и да патуваат внимателно, и покрај подобрените услови на патиштата.

To top