Македонија

Полициска акција во скопско Брњарци – уапсени две лица

Пронајдени дрога, оружје и муниција

Две лица се лишени од слобода во одделни полициски акции во скопското село Брњарци, при што во нивните домови биле пронајдени дрога, оружје, муниција и опрема за изработка и полнење патрони.

Како што соопшти МВР, на 16 септември во 00:20 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ц. (34) од Брњарци. При претресот на неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Скопје, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Претходно, на 15 септември во 23:45 часот, во истото село бил лишен од слобода и И.Б. (38) од Скопје. При претресот во неговиот дом, извршен со наредба од Основниот кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени пиштол, 23 куршуми, 20 ловечки патрони, една ќеса со барут, три конзерви со сачми, три конзерви со материјал за полнење ловечки патрони, една кутија со каписли, како и алатки за изработка и полнење патрони.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова се сретна со првиот човек на „Браќа Манаки“ и претседателката на Друштвото на филмски работници

Посебен печат на 47. издание му дава присуството на славни имиња од светската кинематографија, меѓу кои и Дан Лаустсен, добитник на „Златна камера 300“ за животно дело и Џеф Кроненвет, кому му се доделува специјалната „Златна камера 300“, за особен придонес во филмската уметност

To top