Хроника

„Task Force“ пронајде дрога во близина на автокамп во Радожда

Мобилниот тим за борба против трговијата со дрога бил на терен во близина на автокампот „Треска“

Мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“, вчера во рамки на преземените мерки за сузбивање на недозволената трговија со дрога, извршил контрола над 23-годишен државјанин на Унгарија.

-Во 20:45 часот, во близина на автокамп „Треска“ во село Радожда, при извршениот преглед кај П.А.Л.(23) била пронајдена марихуана, информира МВР.

За настанот биле известени јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга и судија на претходна постапка од Основниот суд Струга.

Од страна на Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од: Хроника

To top