Македонија

Пациент си креирал конзилиарно мислење со вештачка интелигенција за да земе лекови од фондот за здравство

Измамата откриена преку несовпаѓање на факсимил

Измамата била откриена случајно – Фондот за здравствено осигурување го вратил извештајот до Клиниката за неврологија бидејќи факсимилот на еден од лекарите не се совпаѓал, објави ТВ Сител.

Пациент со помош на вештачка интелигенција изработил конзилијарно мислење за терапија што се наоѓа на позитивната листа на лекови. При проверката на Клиниката било утврдено дека покрај факсимилот, погрешни биле и останатите печати, дел од имињата на невролозите, како и називот на установата. Во документот стоел „Институт за рехабилитација – универзитетска клиника за неврологија“, каква што не постои во здравствениот регистар.

– Кога го погледнавме конзилијарното мислење кое што мислевме дека е издадено од нашата клиника, сфативме дека станува збор за документ кој што е направен со вештачка интелигенција и комплетно лажен и веројатно тоа и истрагата понатаму ќе го покаже – изјави асс. д-р Јован Божиновски, директор на Клиниката за неврологија.

Лицето со години било пациент на Неврологија и за својата дијагноза ја добивало оваа терапија, за која биле потребни потписи и печати од тројца доктори.

Случајот е пријавен во петокот до Министерството за здравство.

– Овде се отвора прашање дали вакви конзилијарни мислења веќе поминале за лекови, за боледувања или за бањско лекување. Сериозен е проблемот – предупредува д-р Божиновски.

Најнови вести од: Македонија

АЛТА банка нов спонзор на КК МЗТ Скопје – партнерство за спортот и заедничките вредности

АЛТА банка и МЗТ Скопје со заедничка енергија влегуваат во новото партнерство – со амбиција за нови успеси, посилна поддршка на спортот и создавање вредност што оди подалеку од кошаркарскиот терен

ЦУК: Огнената стихија запре

  Заклучно со 7:30 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно 20 пожари на отворени површини, информираат од Центарот за управување со кризи. Според информации, нема активни пожари, ниту пожари кои се под контрола, додека сите 20 се изгаснати. Пожари се регистрирани во повеќе општини меѓу кои Желино, Велес, Кичова, Македонски Брод, Сопишти, Врапчишти, Ранковци, […]

To top