Со особена гордост го споделуваме најновиот шаховски успех на нашиот ученик Марко Стојановиќ од ООУ „Братство“, кој го освои првото место на меѓународниот младински турнир „Lake Queen“ во Струга. Овој значаен резултат е уште една потврда дека талентот, посветеноста, дисциплината и вложениот труд носат врвни резултати.
ооМарко е пример за младите дека со упорност и љубов кон она што го работат, може да се постигнат значајни успеси и да се претстави своето училиште и општина на најдобар начин. Горди сме на нашите ученици кои постојано нè радуваат со своите достигнувања и успеси. Како и досега, продолжуваме да ги поддржуваме, охрабруваме и поттикнуваме младите да го развиваат својот потенцијал и да ги остваруваат своите соништа.