Македонија

Мисајловски: Постигнат е значаен напредок за развојот на Балканските медицински сили

Состанок на земјите-членки во Брдо, Словенија

Министерот за одбрана Владо Мисајловски соопшти дека во изминатиот период е постигнат значаен напредок во развојот на капацитетите на Балканските медицински наменски сили (БМНС), регионална иницијатива од големо значење.

На денешниот состанок на земјите-членки на БМНС во Брдо, Словенија, било разговарано за натамошниот развој, поголемата видливост и преземањето нови одговорности на оваа регионална иницијатива.

– Пред нас е можност да направиме нов исчекор во развојот на БМНС и да ја зајакнеме нејзината улога и придонес, не само во регионот, туку и пошироко. Македонија како постојано седиште на Командата и водечка нација на БМНС во период 2026-2028 година има јасна визија. Ние ја поддржуваме идејата за разгледување на можностите БМНС да даде свој придонес и надвор од балканскиот регион, за што ќе бидат потребни заедничка волја и посветеност од сите земји членки – напиша министерот на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

To top