Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е во работна посета на Соединетите Американски Држави (САД), каде што ќе учествува на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“ (Sustainable Development Impact Meetings 2026), организирани од Светскиот економски форум.
Министерката ќе учествува на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“. Како што информираат од нејзиниот Кабинет, на сесијата ќе се дискутира за предизвиците и можностите за економски раст во новите глобални услови, со посебен фокус на енергетската сигурност, инвестициите, одржливоста и конкурентноста.