Македонија

Има индикации дека иселувањето е намалено, според министерката Јаневска

Новодоселени деца на училишна возраст се регистрирани во источните делови од земјата и во Скопје, откри таа

Министерката за образование и наука Весна Јаневска во интервју за 4ТВ го сподели својот впечаток дека бранот на иселување од Македонија е намален.

„Имам впечаток, иако статистичките податоци ќе ги видиме на крајот на годината, дека тој бран е нешто малку намален“, изјави таа, повикувајќи се на случаи на доселување деца на училишна возраст во земјата во септември – едно училиште пријавило девет новодоселени деца, а друго 11 во текот на месецот.

„Се надевам дека ќе најдеме некој стабилен баланс и конечно престанување на иселувањето на нашите деца“, изјави министерката, според која новодоселени ученици се регистрирани во источните делови од земјата и во Скопје.

 

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top