Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека остварил средби со премиерот на Косово, Албин Курти, и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата со Курти, како што наведе Мицкоски, разговарале за унапредување на добрососедските односи, регионалната соработка, како и за заедничките предизвици и можности за развој на двете земји.
Со хрватскиот премиер Пленковиќ, пак, разговарал за европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка, како и за важноста од продолжување на реформските процеси согласно со европските стандарди.
Мицкоски посочи дека продолжува отворениот и конструктивен дијалог со европските партнери, со цел градење посилна, стабилна и просперитетна иднина за граѓаните, како и стабилен, поврзан и просперитетен регион. Мицкоски посочи дека продолжува отворениот и конструктивен дијалог со европските партнери, со цел градење посилна, стабилна и просперитетна иднина за граѓаните, како и стабилен, поврзан и просперитетен регион.