Свет

Крајно десничарската АФД на пат да стане најголема германска партија

Разликата од владеачката ЦДУ е само 2 проценти

Крајно десничарската Алтернатива за Германија (АФД) е на добар пат да стане најголема германска партија.

 

Според последните анкети АФД за која дел од јавноста бара да биде забранета заради радикални политики заостанува само 2 проценти зад владеачката ЦДУ на канцеларот Мерц.

 

Неделната анкета спроведена од весникот Билд покажува раст на популарноста на АфД за еден поен.

 

Друга агенција за испитување на јавното мислење, Форса, исто така неодамна објави дека антиимиграциската АфД ужива 25 отсто поддршка, додека другите агенции и даваат нешто помала поддршка.

 

АфД останува во борба за првото место на анкетите, неколку месеци откако конзервативниот блок на канцеларот Фридрих Мерц победи на парламентарните избори во февруари.

 

Во анкетата на ИНСА другите партии ја задржаа поддршката забележана минатата недела.

 

Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и нејзината сестринска партија во Баварија, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), го задржаа првото место со поддршка од 27 отсто, додека нивниот коалициски партнер Социјалдемократската партија (СПД) имаше 15 отсто.

 

Зелените имаат поддршка од 11 отсто, а крајно левичарската партија Линке има 10 отсто. Популистичката алијанса Сара Вагенкнехт (БСВ) има поддршка од четири отсто според истражувањето, а Либерално-демократската партија (ФДП) три отсто. Во истражувањето во периодот од 28 јули до 1 август учествувале 1.203 лица.

Најнови вести од: Свет

Трамп се претставува како „вршител на должност претседател на Венецуела“

Објавата на неговата социјална мрежа „Tрuth social“ доаѓа неколку дена по американската воена операција за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес од Каракас

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО18+) Иран во хаос: Над 500 загинати, болниците полни со прострелни рани

Според американска организација за човекови права, досега загинале повеќе од 500 демонстранти, додека иранските власти веќе над 72 часа ја држат земјата во речиси целосен прекин на интернетот и телефонските врски.

To top