Регион

Стерјовски: Бугарски пасош во Пустец се продава за „само“ 20.000 евра

Националноста не ти ја одредува пасошот и тоа не значи дека на пописот треба да се изјаснат според пасошот“, нагласи лидерот на МАЕИ

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, предупреди на „бизнисот“ со  бугарските пасоши за Македонсците во Албанија.

Нивното добивање за дел од албанските граѓани претставува финансиски бизнис во кој се плаќаат значителни суми, а не доказ за националната припадност.

„Ние не сме против луѓето, ако сакаат – кој сака нека земе. Не сме против тоа што самите жители ќе прават. Но, бугарските пасоши не се бесплатни – тие се купуваат“, истакна Стерјовски.

Тој во емисијата повтори дека, според неговите сознанија, за добивање бугарски пасош се плаќаат илјадници евра, а за некои случаи сумите достигнуваат и 15.000 до 20.000 евра.

„Ова е бизнис, како што ви реков, профитабилен со милиони евра“, рече Стерјовски, посочувајќи и на случаи за кои, како што наведе, албанската полиција презела мерки поради сомневања поврзани со плаќања за бугарски пасоши.

Според Стерјовски, поседувањето бугарски пасош не значи дека лицето е Бугарин, бидејќи државјанството и националната припадност се две различни категории.

„Националноста не ти ја одредува пасошот. Во Општина Пустец можат да имаат пасоши од секакви држави – Шпанија, Франција, Америка, Канада, Австралија, Грција… Тоа не значи дека на пописот треба да се изјаснат според пасошот“, нагласи Стерјовски.

Околу пописот на населението во Албанија, Стерјовски нагласи дека МАЕИ барала жителите да можат слободно и без притисоци да се изјаснат за својата национална припадност.

„Побаравме да се прекине алката на притисок што ја вршеше бугарската амбасада преку посредниците за бугарски пасоши, како и овие фондации… за луѓето да се остават слободно да се изјаснат онака како што се чувствуваат – па и како Бугари, ако така се чувствуваат – но да се изјаснат самите, а не преку притисоци“, истакна Стерјовски. Фактор

Најнови вести од: Регион

Бугари мамеле постари лица низ Хрватска – им украле речиси 38.000 евра

На 22 септември, полицијата примила вкупно 29 пријави од граѓани во врска со телефонски повици од непознати лица кои се претставувале како болнички персонал или членови на семејството, на кои наводно итно им биле потребни пари за трошоци за болничко лекување.

To top