Македонија

За 300 евра мито инспекторка ветувала дека нема да напише казна за сендвичарa

Уапсена е на бензиска пумпа

Инспекторка од Агенцијата за храна и ветеринарство барала мито од газда на угостителски објект за да не му напише казна. Инспекторката е приведена, а Телма дознава дека барала 300 евра и со парите е фатена на бензинска пумпа во Автокоманда. МВР соопшти дека случајот е отворен по поднесена пријава.

„Од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со ОЈО Скопје лишено од слобода е лице вработено во Агенцијата за храна и ветеринарство по претходна пријава дека на сопственик на угостителски објект му биле побарани парични средства за да не му биде изречен прекршок кој што му бил констатиран при контрола во објектот“, информираа од МВР.

Според информациите на Телма станува збор за сендвичара, а инспекторката барала одредена документација, односно стандарди кои објектот немало потреба да ги поседува. Инспекторката била и на цоветничка листа на локалните избори во една од скопските општини. Инаку, како што дознава Телма, инспекторката е од Секторот за храна од неживотинско потекло и за неколку месеци, односно на брза траканапредувала во кариерата. Таа претходно била помлад соработник во Агенцијата за храна и ветеринарство. Оттаму ниту негираат ниту потврдуваат, бидејќи како што велат истрагата е во тек.  Од обвинителството најавија дека утре ќе соопштат повеќе детали за случајот.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Технологијата напредува брзо, но одговорноста мора да остане човечка

Министерот нагласи дека иновациите треба да создаваат нови економски можности и поквалитетни јавни услуги, но истовремено мора да бидат придружени со јасна одговорност, заштита на граѓаните и почитување на владеењето на правото.

Инспекцијата презема конкретни активности за отстранување на утврдените недостатоци во ревизорскиот извештај

По стапувањето на должност директор на Државниот пазарен инспекторат, од наша страна беа согледани дел од недостатоците и предизвиците со кои се соочува институцијата. Токму поради потребата од целосен и независен увид во состојбите, беше поднесено барање за спроведување ревизија, вели директорот на ДПИ, Влатко Стојкоски, во врска со ревизорскиот извештај.

To top