Спорт

Барди пред Швајцарија: Играме во Скопје, ова е нашиот дом и треба да го покажеме нашиот идентитет

Македонскиот капитен посакува полн стадион за дебито на Македонија во Б-дивизијата од Лигата на нациите

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди, со порака пред дебито во Б-дивизијата на Лигата на нациите против Швајцарија утревечер од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

„Имаме одлична атмосфера, среќни сме што повторно сме заедно и подготвени сме за максимум. Очекуваме голема поддршка од навивачите, тоа многу ни значи. Играме во Скопје, ова е нашиот дом и треба да го покажеме нашиот идентитет. Многу ни значи полн стадион и свесни сме дека пред нас е тежок натпревар“, изјави 31-годишниот офанзивен играч за врска на турскиот суперлигаш Коњаспор пред својот 83. настап за македонскиот национален тим, за кој има постигнато 20 гола.

Утрешниот дуел со четвртфиналистот од последното Светско првенство ќе биде прв меѓусебен на двете селекции.

Најнови вести од: Спорт

To top