Хроника

Платил 18.000 евра за да му отстранат “црна магија” од домот

Откако „растерувачите“ на магии заминале, мажот од сфатил дека е измамен

Маж од село во кочанскиот регион платил 18.000 евра за да му се отстрани црна магија од домот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 24 септември 2026 година, во 23:00 часот, 66-годишен маж од село во Кочани пријавил во Одделението за внатрешни работи – Кочани дека бил измамен за сума од 18.000 евра.

Според пријавата, лицата дошле во неговиот дом и го измамиле со лажни тврдења дека во куќата има црна магија; за да ја отстранат, побарале од него да ги предаде сите пари што ги поседувал.

Откако им ги дал 18-те илјади евра, тие си заминале, а тој подоцна сфатил дека бил измамен“, соопштија од ОВР Кочани.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од Секторот за внатрешни работи – Штип.

Најнови вести од: Хроника

Разбиен организиран синџир за шверц на цигари вреден над шест милиони евра

Николовски информираше дека шлеперите натоварени со цигари влегувале преку граничниот премин Богородица без нивното влегување воопшто да биде евидентирано од страна на царинските и полициските службеници

To top