Македонија

Мицкоски-Гутереш: Oдлична соработка меѓу ОН и Македонија

Како што соопшти канцеларијата на гн-секот на ОН, била истакната одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија, разговарале и за европските интеграции, регионалната соработка и поддршката на мултилатерализмот.

Премиерот Христијан Мицкоски, синоќа во седиштето на светската организација во Њујорк имаше средба со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Синоќа во седиштето на светската организација во Њујорк, премиерот Христијан Мицкоски, имаше средба со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

На средбата, како што соопшти канцеларијата на Гутереш, била истакната одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија, разговарале и за европските интеграции, регионалната соработка и поддршката на мултилатерализмот.

Премиерот, претходно имаше обраќање на генералната дебата, каде што потенцира дека мирот, стабилноста и интеграцијата бараат големи жртви.

„Ние донесовме тешки одлуки, процесите траат предолго, довербата не може бесконечно да биде еднострана обврската“, порача премиерот Мицкоски. Рече дека процесот на евроинтеграција трае надвор од секој разумен временски рок и ја повика Европската унија да обезбеди предвидливост и почитување на правилата.

Најнови вести од: Македонија

Влегуваме во нова ера на „посебно партнерство“ со Македонија – Алсубуси во интервју за Радио Лидер

Емиратите се сериозно заинтересирани за инвестиции во земјава – во фокусот се инфраструктурата, енергетиката, земјоделството и туризмот, а Сеопфатниот договор за економско партнерство треба да отвори нови можности за трговија и капитал

To top