Томи Андонов со нокаут стигна до златниот медал на Светското јуниорско првенство во Лидо ди Јесоло, Италија.
Тој во борбата за златниот медал со Алекса Алексов од Србија славеше со 3-0.
Андонов настапи во категоријата над 81 килограм во дисциплината К1-јуниори, каде што со одличен настап во финалето го совлада противникот и ја освои светската титула.
Претходно Калин Бабоски се закити со злато.
Досега медали освоија: Глигор Николов – златен, Петар Лозановски – бронзен и Драгица Глигорова бронзен.
Ова е голем успех за македонскиот кик бокс и за спортот во Македонија.
Резултати Светско првенство за јуниори:
К-1
Помлади јуниори
+81 кг
Полуфинале
Томи Андонов – Ахмед Каикенов (Казахстан) 3-0
Финале
Томи Андонов – Алекса Алексов (Србија) 3-0