Македонија

Дали сведочењето на Али Ахмети послужило како основа за подигнување на обвинението против раководството на ОВК од страна на Специјалниот суд во Хаг?

ДУИ се обидува да извлече евтини политички поени од хашките пресуди за Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими

Ако навистина сакаат да протестираат за поранешните лидери на ОВК, тогаш протестот би требало да биде токму против ДУИ и улогата на нејзиниот претседател, Али Ахмети. ОВК не е сопственост на ДУИ и не може да се користи како алиби за да му се измијат гревовите, е вели во денешното соопштение на ВРЕДИ насочено контра најавениот протестен марш на плоштадот Скендербег во Скопје.
Од ВРЕДИ оценуваат дека т.н. марш, по рецепт на ДУИ, се обидуваат да го спакуваат и да го продадат како ‘натпартиски’.
Затоа, наместо повик за протест, од лобистите за основање на Специјалниот суд денес се бараат јавни одговори:
1. Каков договор бил понуден за возврат на поддршката за основањето на Специјалниот суд?
2. Што содржи досието на Специјализираните совети во Хаг што се однесува на сведочењето на Али Ахмети?
3. Дали Специјализираните совети и ‘Отворен Балкан’ имаат заеднички именител?
4. Зошто Али Ахмети ја менуваше квалификацијата на својата улога во постапката пред Специјалниот суд, еднаш велејќи дека бил сведок, а другпат дека не бил сведок во постапката?
5. Дали сведочењето на Али Ахмети послужило како основа за подигнување на обвинението против раководството на ОВК од страна на Специјалниот суд во Хаг?
Овие и многу други прашања продолжуваат да тежат врз оние кои не оставиле ништо што не го злоупотребиле“, соопшти Влен.

Најнови вести од: Македонија

210 „чинии љубов“ подготвени за кучињата во и околу прифатилиштето на ЈП „Лајка“

Под мотото „Збор на денот: заедница“, на 26 септември во дворот на ЈП „Лајка“ се одржа првиот настан „Чинија љубов“, кој обедини граѓани околу една заедничка цел – подготовка на готвени оброци за бездомните кучиња

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко сите му се виновни, но не и тој самиот

Поранешни функционери на СДС одамна јавно апелираат дека Венко треба да се повлече од тронот во СДС, но очигледно тој во неверување дека некогашната голема СДС е спадната на ова ниво, и од толкава жед за власт се уште верува дека има некаков легитимитет да биде дел од политичката сцена

To top