Бизнис

Денес истекува намаленото ДДВ за дизелот: Владата ќе одлучува што понатаму

Мерката истекува, а притисокот врз цените останува

Намалената стапка на ДДВ за горивата се применуваше од 15 септември како мерка за ублажување на ценовниот притисок. Владата сега треба да одлучи дали повластените 10 проценти ќе важат и во наредните две недели.

Паралелно, Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги утврди максималните малопродажни цени што ќе важат во следните седум дена.

Според последната одлука, дизелот чини 104,5 денари за литар, Еуросупер БС-95 е на 99 денари, а Еуросупер БС-98 на 101 денар.

Министерката за енергетика Сања Божиновска минатата недела изјави дека Владата внимателно ја следи состојбата. Доколку растот на цените продолжи, ќе се разгледаат дополнителни мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Таа потсети дека досега се преземени намалување на акцизата, намалување на ДДВ и договор со МПТА за попуст, но нагласи дека при евентуално продолжување на мерката мора да се земат предвид и фискалните импликации.

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески минатата недела посочи дека намалувањето на ДДВ од 18 на 10 проценти им овозможува на граѓаните дневно да заштедат до 350 илјади евра.

Одлуката на Владата ќе покаже дали намаленото ДДВ за дизелот ќе се продолжи или даночната стапка ќе се врати на 18 проценти.

Најнови вести од: Бизнис

Министерот за земјоделство го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи

Зземјоделците ќе потпишуваат договори пред испорака на производот со точни цени количини и рокови на плаќање. Министерот Серафимовски го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи.

Како до поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности?!

Процесот на проширување на Европската Унија во Западен Балкан претставува заеднички интерес за двете страни. Интеграциите подразбираат и многу реформи во општеството, зајакнување на институциите, усогласување на законите, како и реформи на економски и социјален план.

(Фото): УЈП ќе разменува искуства со Унгарија за дигитализација и наплата на даноците

Потпишувањето на Меморандумот претставува значаен чекор кон продлабочување на институционалната соработка и воспоставување континуирана размена на знаења, искуства и добри практики меѓу даночните администрации на Македонија и Унгарија.

(Фото): Иновациите треба да придонесат за поодговорно и поинклузивно кредитирање, вели гувернерот Славески

Целта е развојот на финансиските услуги да создава економски можности и да придонесува кон одржливо кредитирање, без да се загрозат финансиската стабилност и довербата на граѓаните и компаниите.

Годишен раст од 9,0% на вкупните депозити – Ќе ја покачи ли Народна банка каматната стапка?!

Народната банка во следниот период можно е да ја качи референтната каматна стапка од која најмногу зависи какви ќе бидат каматите и на депозитите и на кредитите. Ова се очекувањата од познавачите.

Поранешниот министер Дамјан Манчевски почнува бизнис со дата-центри

Поранешниоот министер за информатично општество и администрација, Дамјан Манчевски, основа свој бизнис за оперирање со дата-центри во регионот, објави Фактор. Изминатиот период тој на социјалните мрежи и на еден поткаст објави дека ќе биде еден од раководителите на Орион Телеком, кој има сопствен дата-центар во Белград, додека во Државниот дата-центар во Крагуевац е комерцијален корисник, […]

To top