Бизнис

Неопходни се промени во Законот за јавни набавки – Азески на средба со стопанственици од Прилеп, Битола и Кичево

Повеќе бизнисмени на едно место. На средба со трите регионални комори од Прилеп Битола и Кичево, се разговарало за важни економски теми.

Проблемите на компаниите за поголем и поквалитетен локален економски развој беа предмет на дискусија на состанокот што претседателот на Стопанската комора Бранко Азески го имаше со бизнисмените од регионалните комори во Прилеп, Битола и Кичево, во присуство на градоначалникот на градот Дејан Проданоски и претставници на Управниот одбор на СКСМ.

Клучен проблем на кој треба да се работи е промена и интервенција во Законот за Јавни набавки согласно кои на површина ќе треба да излезат повеќе сегменти меѓу кои понуда за квалит а не најниска цена и учество на домашни компании како приоритет пред странските. Претседателот Азески информираше дека за измените во овој закон во интерес на бизнисот, СКСМ е подготвена да го поддржи поедноставувањето на постапките и на процедурите за издавање разни видови дозволи, документи и сл., кои треба да ги обезбедат државните институции за бизнисот заради негово непречено функционирање. Прифаќањето на предлозите на Комората се во насока и на интензивирање на борбата против корупцијата и дигитализацијата на процесите.

На состанокот се разговараше и за Недела неработен ден и Законот за празници се иницираат за кои во следниот период е потребна поширока дебата имајќи во предвид различните ставови  мислења и искуства. Од Регионалната комора Прилеп беа предложени три иницијативи:

  • Иницијатива за намалување или привремено укинување на царинските давачки за суровини за кои во одреден период не постои доволно домашно производство. Ограничената достапност на домашна суровина во комбинација со високите увозни давачки, го отежнува навременото обезбедување на потребните количини и ја ограничува можноста на домашните компании да одговорат на барањата на странските купувачи. На долг рок, ваквата состојба може да доведе до губење на постојните извозни пазари, намалување на производството, ограничување на можностите за проширување на деловната активност и намалување на потенцијалот за отворање нови работни места и зголемување на извозот.
  • Иницијатива за измена и унапредување на законските решенија во делот на боледувањата, од аспект на влијанието што подолгите отсуства од работа го имаат врз компаниите, организацијата на работниот процес и финансиското работење на работодавачите преку: потреба од прераспределба на работните задачи; ангажирање дополнителен кадар или прекувремена работа; нарушување на континуитетот на производниот процес; зголемување на оперативните трошоци; потешкотии во исполнувањето на роковите кон клиентите; намалување на продуктивноста и ефикасноста на компаниите; дополнителен притисок врз малите и средните претпријатија. Иницијативата не е насочена кон ограничување на правото на работникот на боледување, ниту кон доведување во прашање на медицинската проценка. Напротив, целта е да се воспостави систем во кој оправданото боледување ќе биде целосно заштитено, а евентуалните злоупотреби ќе бидат поефикасно спречувани и контролирани.
  • Иницијатива за санација и подобрување на патниот правец Прилеп – Ракле, како прашање поврзано со развојот на регионот и реализацијата на инфраструктурните проекти. Оштетените делови од аспект на деловната заедница има повеќекратно влијание врз транспортот и секојдневното работење на компаниите, особено на оние кои овој патен правец го користат за транспорт на стоки и суровини.

На средбата беше констатирано и дека квалитетна и брза нова патна и железничка инфраструктура и гасоводот се клучните за развој на Пелагониско – преспанскиот стопански регион кој во БДП учествува со 14 проценти. Во Пелагонија и Преспа се 8.600 стопански субјекти, регионот бележи раст од 3,5 проценти и зголемен извоз. Има и 10 нови компании.

Најнови вести од: Бизнис

Македонија увезува над 40% повеќе стоки отколку што извезува – Како стојат земјите од регионот?!

Од јануари до јули 2026 година од земјава биле извезени стоки во вредност од 5,103 милијарди евра. Увозот во истиот период достигнал 7,199 милијарди евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесувала околу 71 отсто.

Министерот за земјоделство го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи

Зземјоделците ќе потпишуваат договори пред испорака на производот со точни цени количини и рокови на плаќање. Министерот Серафимовски го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи.

Како до поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности?!

Процесот на проширување на Европската Унија во Западен Балкан претставува заеднички интерес за двете страни. Интеграциите подразбираат и многу реформи во општеството, зајакнување на институциите, усогласување на законите, како и реформи на економски и социјален план.

(Фото): УЈП ќе разменува искуства со Унгарија за дигитализација и наплата на даноците

Потпишувањето на Меморандумот претставува значаен чекор кон продлабочување на институционалната соработка и воспоставување континуирана размена на знаења, искуства и добри практики меѓу даночните администрации на Македонија и Унгарија.

(Фото): Иновациите треба да придонесат за поодговорно и поинклузивно кредитирање, вели гувернерот Славески

Целта е развојот на финансиските услуги да создава економски можности и да придонесува кон одржливо кредитирање, без да се загрозат финансиската стабилност и довербата на граѓаните и компаниите.

Најнови вести

To top