Македонија

Мицкоски: Од СДСМ се против се’, но не и против распродавање на Македонија (ВИДЕО)

Да им ставите бел лист хартија, тие ќе потпишат сè само да не треба тие да го платат, само да можат да го платат граѓаните и Македонија, а тие да може што повеќе да украдат од истите и да стават во своите џебови, рече премиерот на синоќешниот митинг во Брвеница

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски синоќа на митингот на партијата во Брвеница ја обвини СДСМ дека се противи на владините политики и инвестиционите проекти, оценувајќи дека опозициската партија нема поддршка за, како што рече, развојот на државата.

Тој нагласи дека опозицијата постојано се спротивставува на сите владини проекти и развојни инвестиции, додека истовремено застапува сосема поинакви бизнис интереси.

Мицкоски рече дека, од СДСМ секојдневно доаѓаат нови обвинувања и прес-конференции кои ги оцени како „темелени на лаги, измислици и клевети“.

Тој продолжи со обвинувања кон опозицијата, тврдејќи дека нејзините политики се насочени кон распродажба на државата и лично богатење.

„ Тие се да ја распродаваат Македонија, да им ставите бел лист хартија, тие ќе потпишат сè само да не треба тие да го платат, само да можат да го платат граѓаните и Македонија, а тие да може што повеќе да украдат од истите и да стават во своите џебови – рече тој.

Според него, граѓаните треба да ги препознаат вистинските намери што стојат зад секојдневните партиски напади.

„Вчера, токму овде во Брвеница, слушнавме тешки зборови од СДС и нивното водство. Слушнавме дека Македонија одела во погрешна насока, слушнавме обвиненија за рудници, за дата-центри, за странски влијанија, за меѓуетнички поделби, но граѓаните имаат право да слушнат и што стои зад тие зборови. И затоа вечерва сакам да поставам едно многу едноставно прашање до СДС, да кажам една дилема којашто ја имам лично, разбравме дека од СДС се против за се, дека се против Владата, против се за инвестиции, против биле за проектите, кога одиме во САД велат сме имале скриени намери, кога разговараме за инвестиции тие зборуваат за некаква распродажба, кога зборуваме за индустрија и за рударство тие однапред прогласуваат катастрофа, секој ден имаме нови обвинувања, нова прес-конференција која без исклучок е темелена на лаги, измислици, клевети. За што се тие? Тие се за марихуана економија, тоа им лежи најмногу“, рече Христијан Мицкоски.

Првиот човек на Владата дополнително посочи дека опозициските функционери во минатото прифаќале штетни договори само за да го оштетат државниот буџет за сметка на сопствениот профит. Тој констатираше дека сегашните реакции се исклучиво обид за манипулација на јавноста.

 

Најнови вести од: Македонија

To top